Електротехничка Струка

Електротехничар за компјутерска техника и автоматика

За прв пат струката е верифицирана во учебната 2009/10 година
со една паралелка на македонски и една паралелка на албански наставен јазик, со вкупно 60 ученици.

По завршувањето на електротехничката струка, учениците се стекнуваат со звање електротехничар за компјутерска техника и автоматика, со што можат лесно да најдат работа но и да си отворат сопствен бизнис. Како електротехничар вратите кон најновата технологија ви се секогаш отворени.