На ден 26.5.2022 (четврток) со почеток во 12.30 часот, во просториите на СОУ “Нико Нестор ” – Струга се одржа дисеминација на обуките “Educational innovation in Finland” и “Innovation at school: Inclusion, autonomy and flexibility” на кои присуствуваа претставници од нашето училиште во Јоенсуу, Финска и Бруж, Белгија како дел од проектот “Знаење за иднината” подржан од програмата Еразмус+ и Националната агенција за Европски образовни програми и мобилност. На дисеминацијата присуствуваа наставници од СОУ “Нико Нестор” – Струга, СОУ Гимназија “Др. Ибрахим Темо” – Струга, ОУ “Јосип Броз Тито” – Струга и ОУ “Браќа Миладиновци” – Струга. Наставниците учесници на присутните наставници на дисеминацијата им го пренесоа искуството што го стекнаа за време на мобилноста (обуките) во овие држави преку презентација и промотивен материјал кој им беше поделен за двете обуки засебно .
Во рамките на Eразмус+ проектот “Знаење за иднината” (knowledge for the future), поддржан од Нацоналната агенција за европски образовни програми и мобилност, клучна акција 1- мобилност на наставен кадар во училишно образование, во периодот од 10.5.2022 до 14.5.2022 во Бруж, Белгија 3 претставници од СОУ “Нико Нестор” – Струга учествуваа на обука на тема “Innovation at school: Inclusion, autonomy and flexibility”. Обуката се одржуваше во универзитетскиот кампус “Vives” во Бруж, а во рамки на обуката се реализираа неколку студиски посети во различни училишта во Бруж. Покрај нашите наставници, на курсот присуствува и наставници од Луксембург, Естонија, Германија, Португалија и Шпанија. Наставниците учесници на курсот имаа можност одблиску да се запознаат со образовниот систем во Белгија, автономноста на училиштата во донесувањето на одлуките, условите и начинот на реализација на наставниот процес и инклузивноста, флексибилноста на промените на пазарот и воведувањето иновации во образовниот процес. Покрај искуството што го стекнаа за иновативноста, автономноста, различноста и флексибилноста во образовниот процес, наставниците учесници имаа можност да се запознаат со Белгиската култура, историја, традиција и знаменитости.
Како дел од Eразмус+ проектот “Knowledge for the future” – Educational innovation in Finland, беше организирана посета на кампусот “Ривериа”, најголем центар за стручно образование во Финска, во кој учениците изведуваа практична настава под менторство на своите наставници.
Во рамките на Eразмус+ проектот “Знаење за иднината” (knowledge for the future), поддржан од Нацоналната агенција за европски образовни програми и мобилност, клучна акција 1- мобилност на наставен кадар во училишно образование, во периодот од 2.5.2022 до 6.5.2022 во Јоенсуу, Финска 3 претставници од СОУ “Нико Нестор” – Струга учествуваа на обука на тема ” Educational innovation in Finland”. Обуката се одржуваше во центарот за стручно образование “Riveria” во Јоенсуу, а во рамки на обуката се реализираа неколку студиски посети во различни кампуси во склоп на центарот “Riveria”, но и други училишта во градот. Покрај нашите наставници, на курсот присуствува и наставници од Белгија, од Естонија и од Романија. Наставниците учесници на курсот имаа можност одблиску да се запознаат со уникатниот Фински образовен систем, препознатлив не само по условите во кои се одвива образовниот процес, туку и по резултатите и квалитетот кој го постигнуваат нивните ученици. Покрај искуството што го стекнаа за иновациите во Финскиот образовен систем, наставниците учесници имаа можност да се запознаат со Финската култура, историја, традиција и знаменитости.#ErasmusPlus
На 8.4.2022 во просториите на СОУ “Нико Нестор” – Струга се одржа дисеминација на првата обука реализирана од Еразмус+ проектот “Knowledge for the future”, клучна акција 1, мобилност на наставен кадар во училишно образование на тема: Leadership, educational quality and innovation која се одржа во Гозо, Малта во периодот од 7-11 Март 2022. Бидејќи станува збор за обука на наставници во училишно образование, на обуката покрај наставниците од СОУ “Нико Нестор” – Струга беа поканети и просуствуваа наставници од училиштата: СОУ Гимназија “д-р. Ибрахим Темо” – Струга, ООУ “Јосип Броз Тито” – Струга и ООУ “Браќа Миладиновци”- Струга. Вкупно присуствуваа 36 наставници од четирите училишта. Дисеминацијата на стекнатите знаења и вештини ја вршеа наставниците учесници во проектот: Светлана Ѓуроска Svetlana Gjuroska , Кети Јанкоска и Ндерим Положани Nderim Pollozhani . На дисеминацијата преку Power Point презентација и промотивен материјал учесниците ги пренесоа искуствата, новите знаења и вештини стекнати за време на обуката во Гозо, Малта. Исто така, наставниците учесници во мобилноста им ги презентираа на присутните позначајните културно-историски знаменитости во Гозо и Малта кои ги посетија за време на слободите активности и им ја доловија Малтешката традиција и култура на останатите наставници присутни на дисеминацијата.
На 23.03.2022 се одржа онлине подготовка за претстојните мобилности во рамки на програмата Еразмус+ и проектот под наслов ,,Знаење за иднината” со наставниците учесници на обуките од СОУ ,,Нико Нестор” – Струга. На средбата проект координаторот ги запозна наставниците со документите кои треба да се изготват за сертификација на обуките и начинот на нивно пополнување, но, исто така, се изврши и јазична и културно историска подготовка со цел подобро запознавање на учесниците со културата, традицијата и образовните системи во земјите во кои ќе се одвиваат мобилностите.
Во рамките на Eразмус+ проектот “Знаење за иднината” ( knowledge for the future), поддржан од Нацоналната агенција за европски образовни програми и мобилност, клучна акција 1- мобилност на наставен кадар во училишно образование, во периодот од 7.3.2022 до 11.3.2022 во Гозо, Малта 3 претставници од СОУ “Нико Нестор” – Струга учествуваа на обука на тема ” Lidership, educational quality and inovation”. Во рамки на обуката беше реализирана и една студиска посета на училиштето “Gozo College Sannat Primary school and Special unit”, а наставниците покрај зголемување на своите компетенции од областа на иновативното лидерство и подигнување на квалитетот во образовниот процес, имаа можност да ги запознаат и културно историските знаменитости на Гозо и Малта со посета градовите Викторија, Валета и Мдина
На 6.09.2021 и 7.9.2021 како дел од проектот “Вештини за утре” од програмата Еразмус+, Клучна акција 1 – Мобилност на ученици од стручно образование и обука со регистарски број 2020-1-МК01-КА102-077629, проект координаторот – професорката Светлана Ѓуроска одржа онлајн подготвителни состаноци со 5 те ученици од СОУ Нико Нестор Струга, избрани да учествуваат на мобилноста во Повоа де Варзим, Португалија во период од 21.9.2021 до 5.10.2021 на практична работа во познати компании од својата област. Проект координаторот ги запозна учениците и ја објасни целта на мобилноста. На состаноците присуствуваше и професорката по англиски јазик Наде Клечкароска, која беше задолжена за јазичната подготовка.
Во рамките на Eразмус+ проектот “Вештини за утре”, поддржан од Нацоналната агенција за европски образовни програми и мобилност, клучна акција 1- мобилност на ученици во стручно образование и обука, во период од 21.9.2021 до 6.10.2021 во Повоа де Варзим, Португалија, 5 ученици од СОУ Нико Нестор Струга од економско-правна и трговска струка, медицина и електротехничка струка изведуваа практична настава во познати компании во оваа земја. Покрај зголемување на компетенциите на учениците во рамки на струката со размена на искуства и знаења, учениците имаа можност да ги запознаат и културно историските знаменитости на Португалија со посета на позначајните места во Порто, Брага и Повоа де Варзим.
Учениците учесници во проектот Еразмус+, клучна акција 1, мобилност на ученици во стручно образование и обука и тоа: Марина Балоска и Хана Бектеши од медицинска струка, Бојана Коцоска и Рона Татеши од економско-правна и трговска струка и Марија Дејкоска од електротехничка струка извршија дисеминација на стекнатите вештини стекнати за време на мобилноста во Португалија во периодот од 21.09.2021-05.10.2021 на останатите ученици од нивната струка, како дел од проектот “Вештини за утре” ( Skills for tomorrow).
Учениците учесници во проектот Еразмус+, клучна акција 1, мобилност на ученици во стручно образование и обука извршија дисеминација на знаењата и вештините стекнати за време на мобилноста во Португалија во периодот од 21.09.2021-05.10.2021 како дел од проектот “Вештини за утре” ( Skills for tomorrow) . Учениците на своите врсници од средните училишта СОУ “Нико Нестор” и СОУ “Д-р.Ибрахим Темо” од Струга, како и на учениците од основните училишта ООУ “Јосип Броз Тито” и ООУ “Браќа Миладиновци” од Струга и ООУ “Страшо Пинџур” од Вевчани ги запознаа со придобивките од проектот и им поделија промотивен материјал.
Учениците учесници во проектот Еразмус+, клучна акција 1, мобилност на ученици во стручно образование и обука извршија дисеминација на стекнатите знаења и вештини на локаУчениците учесници во проектот Еразмус+, клучна акција 1, мобилност на ученици во стручно образование и обука извршија дисеминација на стекнатите знаења и вештини на локални приватни компании од својата област и тоа: Марина Балоска и Хана Бектеши од медицинска струка посетија приватни здравствени установи, Бојана Коцоска и Рона Татеши од економско-правна и трговска струка посетија сметководствени бироа и Марија Дејкоска од електротехничка струка посети компании за продажба и сервис на компјутери и IKT услуги. Ученичките ги запознаа фирмите со стекнатите вештини за време на мобилноста во Португалија во периодот од 21.09.2021-05.10.2021 како дел од проектот “Вештини за утре” ( Skills for tomorrow) и им поделија промотивен материјал.
Градоначалникот на Општина Струга, Рамис Мерко го посетија група ученици од економско-правна и трговска струка, медицина и електротехничка струка од СОУ “Нико Нестор” – Струга, при што го запознаа со Еразмус+ проектот: Вештини за утре (Skills for tomorrow) и мобилноста која ја реализираа во периодот од 21.09.2021-05.10.2021. Хана Бектеши, Бојана Коцоска, Рона Татеши и Марија Дејкоска му поделија промотивен материјал на градоначалникот и му ги пренесоа искуствата, новите знаења и вештини кои ги стекнаа за време на двонеделната мобилност во Португалија, во кој период учениците реализираа практична работа во познати компании од својата област.
На 30.11.2021 во просториите на СОУ “Нико Нестор ” Струга се одржа дисеминација на Еразмус+ проектот: Вештини за утре ( Skills for tomorrow). Дисеминацијата на стекнатите вештини и знаења ја вршеа учениците учесници во проектот (Марина Балоска, Хана Бектеши, Бојана Коцоска, Рона Татеши и Марија Дејкоска) под водство на проект координаторот – професорката Светлана Ѓуроска. На настанот прва зеде збор директорката Кети Јанкоска која ги поздрави присутните и ги повика учесниците на максимално пренесување на новите вештини на останатите ученици во нашето училиште. На дисеминацијата преку Power Point презентација, видео и промотивен материјал учениците под водство на проект координаторот ги пренесоа искуствата, новите знаења и вештини стекнати за време на мобилноста во Португалија во периодот од 21.09.2021-05.10.2021, во кој период учениците реализираа практична работа во познати компании од својата област. Исто така, учениците учесници во мобилноста им ги презентираа на присутните позначајните културно-историски знаменитости во Повоа Де Варзим, Брага, Гуимарес и Порто, кои ги посетија за време на викендите, како и им ја доловија Португалската традиција и култура на останатите ученици и наставници присутни на дисеминацијата. На настанот проект координаторот им додели Europass сертификати на учесниците во мобилноста, а учесниците го поделија промотивниот материјал на присутните ученици и наставници.