Лична карта на училиштето
Училиштето е лоцирано во Струга , град со околу 30 000 жители .
Се наоѓа на северниот периферен дел од градот на простор од 40.000 м2. Во непосредна близина има бензинска пумпа, главна крстосница на магистрални патишта, станбени и индивидуални куќи, градска фискултурна сала.
Во училишниот двор се наоѓа зградата на ученичкиот дом “Браќа Миладиновци” со можност за сместување на 200 ученици. Со тоа е олеснето сместувањето на учениците кои доаѓаат од околината и регионот.
Во градот работат 2 основни училишта, 3 средни училишта и факултети. Во градот функционираат и голем број организации за развојот на физичката култура, музеи, кино сали, театри, библиотеки и др.