Изложба на школа за истражувачки и иновативни проекти

Денес во нашето училиште се одржа едукативна изложба на школа за истражувачки и иновативни проекти на наградени ученици од средните училишта од одржаниот 58 државен натпревар на младите истражувачи од РС Македонија 2022 по применети природни и технички науки. На настанот присуствуваше Министерот за образование и наука Јетон Шаќири, директорот на Народна техника на Македонија Перо Митрев , голем број на наставници и ученици. Ни претставува огромна чест и задоволство што бевме домаќини на еден ваков прекрасен настан.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *