Историјат на училиштето

Кои сме ние

СОУ „ Нико Нестор„ Струга е средношколска институција  во која се школуваат ученици од Струга и пошироко. Се наоѓа во северниот периферен дел од градот, покрај магистралната крстосница.

Во својот 50 годишен развој, училиштето претрпува повеќе трансформации. Формирано е во 1960 година како градежно-техничко училиште со 4 паралелки на македонски јазик. Во 1979/80 година, со интеграција на гимназијата ,,Браќа Миладиновци,, прераснува во центар за средно образование ,,Нико Нестор,,. Во својот повеќе децениски развој оваа институција бележи постојан раст по однос на видот и бројот на образовните профили, бројот на ученици и јазиците на кои се изведува наставата.

Во тој период СОУ ,,Нико Нестор,, Струга беше единствена средношколска институција во општината со над 2700 ученици на три наставни јазици од гимназиско и стручно образование.

Зошто треба да се одлучите за нас

СТРУКИ И ОБРАЗОВНИ ПРОФИЛИ ВО СОУ „НИКО НЕСТОР“ СТРУГА










ХЕМИСКО-ТЕХНОЛОШКА СТРУКА
- Хемиско-технолошки техничар
- Пекар
ЕКОНОМСКО-ПРАВНА И ТРГОВСКА СТРУКА
- Економски техничар

ТЕКСТИЛНО-КОЖАРСКА СТРУКА
- Конфекциски техничар
ГРАДЕЖНО-ГЕОДЕТСКА СТРУКА
- Архитектонски техничар
- Градежен техничар
- Геодетски техничар


ЕЛЕКТРОТЕХНИЧКА СТРУКА
- Електротехничар за компјутерска техника и автоматика
ЗДРАСТВЕНА СТРУКА
- Медицинска сестра

ТУРИСТИЧКО УГОСТИТЕЛСКА СТРУКА
- Келнер (само настава на албански јазик)