


Најголем дел од подготовките за новата учебна година се однесуваа на хигиенско средување и реновирање на просториите во училиштето за изведување на наставата. Просторните услови се максимално искористени за изведување на настава, а со цел подобрување на условите во училиштето, во периодот кон крајот на учебната 2013/2014 година и летниот одмор се пристапи со реконструкција и санирање на екстериерот и ентериерот на училитето. Значи, обновена е фасадата (2500м2) на училиштето, хортикултурно уреден дворот на училиштето, молерисани се 2500м2 од училниците во училиштето, поплочени се 200 м2 со тротоар, во 1000 м2 или 15 училници се уредени со ПВЦ подови, сменета е дограмата во училниците по геодезија со ПВЦ дограма, оградено е училиштето од источната и северната страна, 300 м2 се поплочени и местото е наменето за паркинг, саниран е еден од котлите за парно греење на училиштето и истовремено 200 м2 се променети од подземната инсталација на парното греење, реконструиран кровот на работилницата во трет блок. Во тек е и подготовката на Криерниот центар на училиштето. На крајот од учебната 2015/16 година целосно се обновени санитарните јазли и тоалетите во новиот блок од училиштето, а и се започна со доградбата на 4 нови училници и кабинети во делот кај стара гимназија. Во новата учебна 2017/2018 година дел од наставата ќе започне да се реализира во новите простории (доградениот дел на стара гимназија од 630 м2)), во кој има 6 комплетно утредени училници и 4 кабинети за наставници.
Кога станува збор за просторот во училиштето, може да се каже дека училиштето и покрај недостатокот на простор во најголем дел располага со услови за одвивање на наставен и воспитен процес. (светлина, чист воздух, хигиенски услови, училнички простор, специјализирани училници, кабинети, лаборатории, работилници, помошни простории, дворно место со паркови, слободни површини, спортски терени, придружни објекти и сл).
Целокупниот станбен простор е 7141 м2 и тој се состои од блок I и блок III за изведување на настава и помошни згради (барака и чуварница ).
Архитектонското решение на објектите одговара на современите услови за изведување настава особено новите делови, додека старите делови не се еквивалент на нив. Распоредот на содржините по објекти е следен:
Блок 1 (5928 м2) претставува целина од стар, нов и најнов дел. Бројот на училниците во стариот блок е на приземје 5 училници и 6 училници на кат, во новиот дел на меѓу спрат 5 уцилници, во нов дел 5 училници на приземје и 5 училници на кат, две специјализирани училници по информатика, 13 простории за наставници-кабинети од кои 2 кабинети од градежно геодетската струка се опремени со компјутери, една лаборатории по хемија, наставничка канцеларија, три помошни простории за различна намена (младинска канцеларија, еколошки клуб, просторија за хигиеничари ), Реална компанија и четири санитарни јазли. Во најновиот дел има 6 училници и 4 кабинети за наставници. Со блок 1 нов дел непосредно е поврзана спортска сала (1545 м2) која може да се користи од 7 до 18 часот, а не одговара на потребите за реализација на содржините од програмата спорт и спортски активности.
Блок 3 (925 м2) е целина која се состои од седум училници кои се комплетно опремени со компјутерска опрема, кабинет по ликовна култура, кабинет по музичка култура, текстилна работилница, простор за хаусмајстор и кабинет за наставници по текстилство.
Барака во која се адаптирани 4 училници и кабинет.
Училиштето располага и со објект дрвена барака (228 м2) во која е сместена управата, стручната и административната служба и библиотеката .
Севкупно училиштето располага со:
– 40 училници
– специјализирани 2 училници за информатика (нов блок)
– 26 кабинети за наставници
– 1 лабораторија по хемија
– 1 просторија за архива
– 1 помошна просторија
– 3 специјализирани работилници за: текстилна струка, реална компанија, здравствена струка, угостителско туристичка струка
– просторија за виртуелна компанија
– 1 наставничка канцеларија
– 2 простории за помошен персонал
– 1 работилница за хаусмајстор
– Клуб за медијација (3 блок)