Младинска

СОУ" Нико Нестор" -Струга, повторно во хуманитарна акција овојпат да и помогнеме на младата Ева Колоска.

Нашата благородна цел ја исполнивме! Ги израдувавме дечињата со новогодишни пакетчиња а тие ни подарија љубов, внимание и позитивна енергија. Изработивме заедно новогодишни украси и честитки. Срца полни радост. Бидете живи и здрави!❤️

Во пресрет на престојните празници, учениците од тимот за хуманитарни активности на УЗ во соработка со координаторите Марина Коцареска и Јехона Асани организираа новогодишен базар од хуманитарен карактер (среда, 25.12.2019)Собраните средства ке се наменат за новогодишни пакетчиња за дечињата со посебни потреби при ОУ Браќа Миладиновци Струга!

Креативни идеи и демократско учество беа одлика на изборите на Претседателството на УЗ на СОУ Нико Нестор, одржани во понеделникот 23.12.2019. Преку тајно гласање, членовите на УЗ, координаторите, директорот, заменик директорката како и самите кандидати ги избраа новите лидери на УЗ. Почетокот и текот на изборот го најави менторката на УЗ Марина Коцареска со поддршка на Резарта Иса Шаќири а кандидатите ги охрабри и директорот Миле Попоски. Следеше претставување на кандидатите на кои сме особено горди. Резултатот беше огромна чест, среќа и мотив за идна соработка со овие амбициозни млади лица.
МАРИЈА АНЃЕЛКОСКА – Претседател на УЗ (претставник од македонска настава)
АНАСТАСИЈА КРСТАНОСКА(заменик претседател)
ФЛОРИ ИМЕРИ Претседтел на УЗ (претставник од албанска настава)
АЛЕЈНА АСАНИ- Заменик претседател
1. ВЕРОНИКА ДИМОСКА(советник)
2.НЕРЏИВАН МЕМЕДОВА (советник)
3. САРА ПОПОСКА (советник)
ЧЕСТИТКИ ДО СИТЕ! ВИ ПОСАКУВАМЕ УСПЕХ И СРЕЌА!

Scroll to Top