Патрониот празник на училиштето

Денес преку скромна манифестација го одбележавме патрониот празник на училиштето. Бројни гости помеѓу кои претставници од фамилијата на нашиот великан Нико Нестор, претставници од општина Струга, Државниот просветен инспекторат, Бирото за развој на образованието , Сојузот на борци, голем број наставници и ученици беа дел од овај настан. Со посебна чест и задоволство ги наградивме нашите пензионирани професори, професори-јубилејци, професори -ментори и ученици, сите кои нескромно и несебично придонеле и го претставиле нашето училиште во најдобро светло . Ви благодариме на сите со искрени желби и надежи дека секоја година ќе бидеме поуспешни и ќе работиме за подобро утре на нашите идни генераци.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *