Соработка
American Corner-Struga, во електро-техничката струка направи презентација за клубот за кодирање во кој ќе се изучуваат повеќе програмски јазици на различни нивоа , според нивото на учесникот. Сите заинтересирани да се пријават на следниот линк.
Годинава по трет пат се одржа Drim Short фестивалот за кратки филмови под мотото ” Погледни под површината “. Нашите ученици учествуваа како волонтери и помогнаа овој фестивал да помине во најдобар тек. На фестивалот се прикажаа и два кратки филма изработени од нашите ученици и тоа:
“A way out”- Мартин Цикарски, Елена Велјаноска, Тамара Гускароска
“Saras bag of chips”- Ангела Грујоска
Филмовите на нашите ученици беа изработени преку проект поддржан од American corner во Струга
На последниот „16 дена активизам против родово насилство“, го поканивме Дебатниот клуб на колеџ „Јахја Кемал“ да ги презентираат своите аргументи „за“ и „против“ на тема: „Дали треба девојките да посетуваат обука за самоодбрана средно школо?” По дебатата, учениците од гимназијата Нико Нестор го збогатија разговорот, споделувајќи ги своите мислења за ова прашање. Ја завршивме дискусијата заклучувајќи што може секој од нас МОЕ да направиме за да бидат побезбедни и да се осигураме дека луѓето околу нас се безбедни.ext
Црвен Крст Струга
Заедно можеме да придонесеме приказната на патиштата да има среќен крај. Во кампањата во соработка со Sou Niko Nestor
Кампања – ТВОЕТО НЕЗНАЕЊЕ ЧИНИ ЖИВОТ