Економски техничар
ЕКОНОМСКА ПРАВНА И ТРГОВСКА СТРУКА
Оспособување на учениците за:
Работи од областа на економијата Раководење и менаџирање на бизнис Финансиско-сметководствени работи
Поврзување на практиката со теоријата Маркетинг и бизнис.
ИНФОРМАЦИИ
Учениците учат:
Како да соработуваат и комуницираат со другите,
Како да основаат сопствен бизнис,
Како да раководат со бизнисот,
Каде да го продолжат своето образование
Услови за работа:
Теоретска настава
Компјутерска техника
Профил: архитектонски техничар, градежен техничар
ГРАДЕЖНО-ГЕОДЕТСКА СТРУКА
Сонувате за нов дом и како тој би изгледал?
Архитектонските техничари ќе ви помогнат како вашиот сон да стане реалност.
ИНФОРМАЦИИ
СОУ „Нико Нестор“ Струга за потребите на практичната работа на архитектонски техничар соработува со:
-АД Илинден Струга
-“Македонија пат Струга
-ХЕЦ Глобочица
-“КНАУФ“ Дебар
Градежно-геодетската струка покрај тоа што е една од најстарите струки во училиштето, туку е и една од најатрактивните не само за учениците од Општината туку и за учениците од целиот регион.
ГРАДЕЖНО-ГЕОДЕТСКА СТРУКА
Профил: геодетски техничар
Кабинетот по геодезија располага со:
-училници за теоретска настава и училница за практична настава
-полигонска мрежа стабилизирана во дворот на училиштето која се користи за реализација на часови по практична настава, односно теренски вежби
-современи геодетски инструменти наменети за реализација на геодетски мерења
-инструменти за цртање и дигитално пресметување на површини
АКО САКАШ ДА БИДЕШ ПРЕЦИЗЕН БИДИ ГЕОДЕТ…
Геодетите се оспособуваат за:
-геодетски мерења во различни геодетски мрежи
-користење на различни геодетски инструменти
– геодетски работи поврзани со катастарот, инженерската геодезија и фотограметријата.
Медицинска сестра
ЗДРАВСТВЕНА СТРУКА
ЗА УСПЕШНА РЕАЛИЗАЦИЈА НА НАСТАВНИОТ ПЛАН И ПРОГРАМА ОДЛИЧНО СОРАБОТУВАМЕ СО МЕДИЦИНСКИ ЦЕНТАР СТРУГА
Учениците се оспособуваат за:
-Вршење на работите и обврските во здравствените организации од примарна секундарна и терцијална пракса
-професионално и ефикасно аплицирање на знаењата
-Почитување и практикување на етичките норми во работата
-користење на медицинскиот софтвер
-грижа за околината на работното место
-подготовка и употреба на терапијата под надзор на докторот.
ЗДРАВЈЕТО Е НАЈГОЛЕМОТО БОГАТСТВО
Хемиско-технолошки техничар
ХЕМИСКО-ТЕХНОЛОШКА СТРУКА
Учениците се оспособуваат за:
Подготовка и организација на технолошките процеси
Набљудување и контролирање на процесите
Студии по хемија, физика-хемија и хемиски материјали
Корелација меѓу теорија и пракса
Грижа за околината
ИНФОРМАЦИИ
Услови за работа:
Кабинетска настава со инструменти
Современа лабараторија
Опремена компјутерска училница
Учениците учат:
Критички да размислуваат и да соработуваат со другите
Одговорност кон работата
Како да започнат сопствен бизнис
Како и каде да го продолжат образованието
Конфекциски техничар
ТЕКСТИЛНО-КОЖАРСКА СТРУКА
Учениците се оспособуваат за :
Подготвување и организација на технолошкиот процес во текстилната индустрија за изработка на облека
Контрола и набљудување на продуктот
Работа во текстилната индустрија
Користење и грижа за машините за шиење
Самостојна работа во изработка на облеката
Естетски изглед
Остварување на модните трендови низ светот
Поврзување на теоријата со праксата
Учениците учат:
Да бидат креатори на модата
Да подготвуваат модни ревии
Да креираат сезонски модели
Да учествуваат на саеми и да ги претстават своите модели
Да започнат сопствен бизнис
Соработуваат со други организации и модни куќи
ИСКОРИСТИ ГО ТВОЈОТ ТАЛЕНТ ЗА ДА БИДЕШ МОДЕЛАР
Електротехничар за компјутерска техника и автоматика
ЕЛЕКТРОТЕХНИЧКА СТРУКА
За прв пат струката е верифицирана во учебната 2009/10 година
со една паралелка на македонски и една паралелка на албански наставен јазик, со вкупно 60 ученици.
По завршувањето на електротехничката струка, учениците се стекнуваат со звање електротехничар за компјутерска техника и автоматика, со што можат лесно да најдат работа но и да си отворат сопствен бизнис. Како електротехничар вратите кон најновата технологија ви се секогаш отворени.
Келнер
УГОСТИТЕЛСКО-ТУРИСТИЧКА СТРУКА
Од учебната 2009/2010 година во СОУ Нико Нестор Струга за прв пат е отворена угостителско туристичката струка
Имајќи во предвид дека Струга е едно од најатрактивните туристички места, со многу хотели и туристички објекти, секогаш ќе постои потреба од професионални угостители кои истовремено ќе бидат конкурентни на туристичкиот пазар.