Проектот „Сајбер безбедност и заштита на стари лица и тинејџери“ на здружението Подготвеност за Европа е насочен кон зголемување на свеста и компетентноста кај тинејџерите и старите лица за сајбер безбедност од можните Интернет закани со кои се соочуваат во нивниот секојдневен живот. Преку спроведување на овој проект се зголемува компетентноста на старите лица и на тинејџерите за безбедно користење на интернетот.Како дел од проектот ЦЕТ, ја имаме едукативната игра за тинејџери Сајбер Лило, која е достапна на Play Store.Сајбер Лило е едукативна онлајн игра наменета за тинејџери на возраст од 12 до 18 години, за да научат како да ги идентификуваат главните ризици на кои се изложени кога комуницираат онлајн.Преку игра и на забавен начин, учениците можат лесно и со поголем интерес да ја совладаат темата за сајбер безбедност и заштита.Во проектот беа вклучени 70 ученици од СОУ „Нико Нестор” – Струга во две групи. На македонски наставен јазик, ментор: Билјана Стојаноска-Наумоска и албански наставен јазик, ментор: Вотим Ала. Во периодот април-јуни, учениците посетуваа он-лајн обуки организирани во 6 модули на теми поврзани со сајбер безбедноста. Дел од обуката беше играње на играта Cyber Lilo. Играта освен образовен имаше и натпреварувачки карактер. По завршувањето на модулите на сите ученици им беа доделени сертификати, а победниците од двете групи, Аријан Ќамиловски и Ерина Далипи, добија награди од организаторот.Повеќе за активноста можете да прочитате на веб страната https://re2020.org.mk/mk/ и ФБ профилот на организаторот https://www.facebook.com/ReadinessForEuropeНовата верзија на Cyber Lilo 2 е одобрена од Play Store. Сега едукативната игра е збогатена и поинтересна со дополнителни прашања и можност учениците да продолжат да учат за областа на сајбер безбедноста.
Releated Posts
Кликни го линкот кој води до онлајн апликацијатаhttps://e-uslugi.mon.gov.mk Пополни ги потребните податоци и прикачи ги потребните документи Притисни аплицирај Испечати ја потврдата која треба да ја приложиш во одбраното училиште
Новата и единствена платформа за електронско запишување ученици ...
Ден полн со креативност, позитивна енергија, разноликост. Училишни штандови богати со искуство, вештини, знаење, најдобри проекти и вложена љубов. Драги полуматуранти, она што денес го видовте е само дел од нашите успешни училишни практики. ...
Еколошка акција во кругот на нашето училиште, на која доброволно се пријавија ученици од сите класови.Да ја подигнеме јавната свест за чување на околината и да бидеме пример за сите
102You, Svetlana Gjuroska, Arijana ...