Глобална Недела на Образованието е годишна иницијатива за подигање на свеста ширум светот која се одвива во текот на третата недела од ноември. Тоа е повик да го преиспитаме нашиот свет заедно, користејќи го ...
Во рамките на Eразмус+ проектот “Вештини за утре”, поддржан од Нацоналната агенција за европски образовни програми и мобилност, клучна акција 1- мобилност на ученици во стручно образование и обука, во период од 21.9.2021 до 6.10.2021 во Повоа де Варзим, Португалија, 5 ученици од СОУ Нико Нестор Струга од економско-правна и трговска струка, медицина и електротехничка струка изведуваа практична настава во познати компании во оваа земја. Покрај зголемување на компетенциите на учениците во рамки на струката со размена на искуства и знаења, учениците имаа можност да ги запознаат и културно историските знаменитости на Португалија со посета на позначајните места во Порто, Брага и Повоа де Варзим.