На 30.11.2021 во просториите на СОУ “Нико Нестор ” Струга се одржа дисеминација на Еразмус+ проектот: Вештини за утре ( Skills for tomorrow). Дисеминацијата на стекнатите вештини и знаења ја вршеа учениците учесници во проектот (Марина Балоска, Хана Бектеши, Бојана Коцоска, Рона Татеши и Марија Дејкоска) под водство на проект координаторот – професорката Светлана Ѓуроска. На настанот прва зеде збор директорката Кети Јанкоска која ги поздрави присутните и ги повика учесниците на максимално пренесување на новите вештини на останатите ученици во нашето училиште. На дисеминацијата преку Power Point презентација, видео и промотивен материјал учениците под водство на проект координаторот ги пренесоа искуствата, новите знаења и вештини стекнати за време на мобилноста во Португалија во периодот од 21.09.2021-05.10.2021, во кој период учениците реализираа практична работа во познати компании од својата област. Исто така, учениците учесници во мобилноста им ги презентираа на присутните позначајните културно-историски знаменитости во Повоа Де Варзим, Брага, Гуимарес и Порто, кои ги посетија за време на викендите, како и им ја доловија Португалската традиција и култура на останатите ученици и наставници присутни на дисеминацијата. На настанот проект координаторот им додели Europass сертификати на учесниците во мобилноста, а учесниците го поделија промотивниот материјал на присутните ученици и наставници.

