Глобална Недела на Образованието е годишна иницијатива за подигање на свеста ширум светот која се одвива во текот на третата недела од ноември. Тоа е повик да го преиспитаме нашиот свет заедно, користејќи го Глобалното образование како алатка за солидарност и промени и да придонесеме за поодржлив и правичен свет. Во подготовката и во текот на неделата се споделуваат решенија за преиспитување на нашите навики и начини на живеење, и трошење, но и изнаоѓање нови начини на едукација и социјализација.Нашето училиште ќе учествува во оваа иницијатива со тоа што нашите ученици со своите ментори во текот на оваа недела ќе спроведуваат активности како што се презентации, разговори, дебати, работилници и обуките ќе бидат фокусирани на тема: подобрени младински капацитети , медиумска писменост, заштита на природата, и промоција на култура, уметност и хуманитарни вредности. Со вклучување во неделата на глобално образование, СОУ “Нико Нестор”-Струга, обезбедува глобална видливост во програмите кои нудат реализација на партнерски проекти со организации ширум Европа кои ги негуваат европските вредности.
























