450 Kомпании ќе примаат ученици на практична обука и 1500тини стипендии за учениците што ќе одберат дуално и воопшто средно стручно образование.

📌📌Денеска заедно со швајцарската🇨🇭 амбасадорка Вероник Улман и извршниот директор на Стопанската комора на Северна Македонија, Антони Пешев го посетивме компанијата Ацески кои имаат воспоставена соработка во интерес на спроведување квалитетна практична обука и подготовка на учениците директно на работно место.
✔️Образовниот процес во средните стручни училишта е интересен и квалитетен, затоа што во најголемиот дел од нив всушност се спроведува концептот на дуално образование, кој го воведовме, го развиваме, спроведуваме и промовираме заедно со бизнис заедницата, со коморите, локалните самоуправи и со голема поддршка од Швајцарската амбасада.
➡️За учениците е обезбедена повеќе практична настава, за сметка на изучувањето теорија и тоа директно на работно место во компанија. Годинава преку 450 компании ќе примаат ученици на практична обука, а ќе се доделат и 1500тини стипендии за учениците што ќе одберат дуално и воопшто средно стручно образование.
✅️Нека сето ова биде мотив за полуматурантите да одбираат средни стручни училишта и да си обезбедат подобра иднина за себе, а секој нивен успех понатаму, ќе биде и придонес кон напредокот на државата.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Scroll to Top