ИСТОРИЈАТ НА УЧИЛИШТЕТО

Кои сме ние

СОУ „ Нико Нестор„ Струга е средношколска институција  во која се школуваат ученици од Струга и пошироко. Се наоѓа во северниот периферен дел од градот, покрај магистралната крстосница.

Во својот 50 годишен развој, училиштето претрпува повеќе трансформации. Формирано е во 1960 година како градежно-техничко училиште со 4 паралелки на македонски јазик. Во 1979/80 година, со интеграција на гимназијата ,,Браќа Миладиновци,, прераснува во центар за средно образование ,,Нико Нестор,,. Во својот повеќе децениски развој оваа институција бележи постојан раст по однос на видот и бројот на образовните профили, бројот на ученици и јазиците на кои се изведува наставата.

Во тој период СОУ ,,Нико Нестор,, Струга беше единствена средношколска институција во општината со над 2700 ученици на три наставни јазици од гимназиско и стручно образование.

about

Контактирајте не

За секое прашање или дополнителни информаци бидете слободни да не контактирате